Официјална Тирана го поздрави договорт за изборна коалиција на албанските партии во Туз

Албанското министерство за Европа и надворешни работи го поздрави  договорот помеѓу партиите на Албанците во црногорскиот град Туз, Албанска алтернатива (АШ), Албанскиот демократски сојуз, (ЛДШ) и Албанската демократска унија, за предизборна коалиција „Албански форум” за локалните избори што во оваа општина ќе се одржат на 3 март.

– Овој договор обезбедува обединување на политичката акција и максимизирање на албанските гласови, а овозможува и поголема застапеност на албанските партии со единствена листа под слоганот „Планината не обединува”, оцени Министерството.

Министерството им честита на лидерите на политичките сили на „Албански форум” за нивната патриотска и демократска визија.

– Постигнувањето на овој договор го потврдува високото ниво на националната свест и политичка одговорност на албанскиот политички фактор во Црна Гора, како инспиративен пример за албанските политички сили и во другите земји од регионот. Изразуваме целосно убедување дека оваа долгоочекувана соработка ќе биде долгорочна и ќе се прошири на претстојните општи избори во Црна Гора. Овие партии заедно, најдобро ќе ги претставуваат интересите и аспирациите на Албанците во Црна Гора, се посочува во соопштенето.

На крај од соопштеноето се оценува дека силниот и обединет политички фактор на Албанците подобро ќе придонесе за евроатланската интеграција на Црна Гора, како и зајакнување на „демократијата и одржливиот развој во оваа пријателска земја на Албанија”.

Треба да знаете
Последни објави