Приштина повторно се обидува да биде членка на Интерпол, а писмо за таа цел до генералниот секретар на меѓународната полициска организација испратиле косовскиот премиер, Рамуш Харадинај и министерот за внатрешни работи, Екрем Мустафа.
Приштинскиот портал „Калко“ тврди дека имал увид во мејловите што Харадинај и Мустафа ги испратиле до генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.
Според пишувањата на порталот, тоа ќе биде десетти обид на Приштина да стане членка на Интерпол.
За прием во организацијата потребно е дво-третинско мнозинство што Приштина не може да го обезбеди.