Четворица суспендирани за тепачката во Валенсија

Фудбалскиот сојуз на Шпанија им изрекол суспензии на четворица фудбалери кои учествувале во тепачката што се случи по завршувањето на натпреварот Валенсија-Хетафе (3:1), во четврт-финалето на Купот.

Тепачката на „Местаља“ се случи по завршувањето на реваншот помеѓу двата тима. Валенсија во трилер-завршница успеа да избори пласман во полу-финалето. Родриго Морено постигна два гола во 91 и 93 минута со кои Валенсија успеа да го елиминира Хетафе.

Четири натпревари суспензија добиле фудбалерот на Валенсија Муктар Дијакаби и играчите на Хетафе Бруно Гонсалес и Дамиан Суарез, а нивниот соиграч Хаиме Мата добил суспензија од три натпревари.

Со меч суспензија е казнет кондициониот тренер на Валенсија. Исто така клубовите се казнети и парично.

Треба да знаете
Последни објави