Американскиот пејач Џон Легенд (40) ги изненади своите обожаватели објавувајќи на својот твитер-профил дека не знае да плива.
„Не знам да пливам. Последниот пат кога учев да пливам имав пет години. Денес повторно почнав да одам на курс за пливање. Татко ми научи да плива на 60-годишна возраст, така што имам време“, напиша Џон по што следуваа многубројни пораки на поддршка од обожавателите. Сопругата Криси Тајген (33) објави видео од неговиот прв час по пливање и истакна колку се гордее.
„Имам 45 години и не знам да пливам. Имам три деца и сите три ги запишав во училиште за пливање, а самиот никогаш не се охрабрив да го сторам тоа. Малку сум засрамен. Ти ме инспирира“, му одговори еден обожавател, а други го прашаа дали се вистинити стиховите од песната All of me, кои гласат: My head’s under water, but I’m breathing fine.
All. Lies. Hahaha https://t.co/ul2toK3N8f
— John Legend (@johnlegend) January 28, 2019
„Сето тоа е лага“, се пошегува пејачот. Џон е во брак со моделот Криси од 2013 година. Обожавателите на двојката често ги фалат поради тоа што не ја искривуваат реалноста и се прикажуваат онакви какви што се. На пример, тие им признаваат на обожавателите кога се скарани, но исто така и кога се во љубов. Исто така, Криси беше искрена за симнувањето на килограмите по бременоста. Таа воопшто не се оптоваруваше со вишок килограми, туку редовно подготвуваше нездрави јадења по своја желба.