Конте фатен од камерите пред седиштето на својот нов клуб?

Антонио Конте е во потрага по ангажман откако доби отказ од Челси, а иако во изминатите денови порача дека моментално не контактира со ниту еден клуб, се чини дека вчера италијанските медиуми „го фатија на дело“.

Од порано се шпекулираше дека Антонио Конте би можел да го наследи Лучијано Спалети на тренерската позиција во Интер, а вчера италијанските новинари го фатија Конте пред седиштето на „Нераѕурите“.

На прашањето на новинарот дали го договара својот нов ангажман, Конте накратко порача: „Немам коментар“.

Сепак, останува прашањето дали Конте би можел наскоро да го превземе Интер доколку двете страни се договорат, или пак тоа ќе се случи по завршувањето на сезоната кога и официјално ќе завршат обврските од неговиот договор со Челси.

Треба да знаете
Последни објави