Божиновски: Неодговорноста кон здравството никако да запре, во 21 век не функционираат хируршките операциони сали

Неодговорноста на СДСМ кон здравството никако да запре, во 21 век не функционираат хируршките операциони сали, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Перчо Божиновски.

„Министерот Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Општа болница водат ли грижа за здравјето на граѓаните?

Оперативниот блок од хируршките одделенија веќе еден месец не работи затоа што не функционираат апаратите за анестезија. Не може да се изведат операции, а пациентите се препраќат во други болници, и најстрашното, операциите се одложуваат.

Колку операции се извршени во новата година и зошто се доцни со сервисирањето на апаратите во операционите сали?

Наместо Зоран Заев да одржува трибини и да ги лаже охриѓани, заедно со в.д. градоначалникот Константин Герогиески треба да оди директно во операционите сали, а не во салата на киното, за да види како се оставени граѓаните на милост и немилост на времето, а здравствените работници во тешка позиција без основни услови за работа.

Дали за Георгиески како медицинско лице е дозволив ваков нарушен здравствен систем и ова ли се тие европски вредности?

Откога граѓаните беа оставени на цедило една година поради расипан компјутерски томограф во болницата, расипан ангиограф во Кардиолошкиот завод, сега никој не се грижи и за апаратите за анестезија“, изјави Божиновски.

Тој посочи дека ги советуваат и Министерството и Општата болница што побргу да ги стават во функција апаратите за анестезија доколку се грижат за здравјето на граѓаните и пациентите.

Треба да знаете
Последни објави