Кралицата на алпското скијање, Линдзи Вон со тага објави на социјалните мрежи дека претстојното Светско првенство во шведскиот зимски центар Оре ќе биде последно во кариерата и таа по него ќе ја прекине неверојатната кариера.
„Последните неколку недели предложија еден од најголемите емотивни предизвици за мене. Се уште се обидувам да ја сфатам реалноста и она што ми го кажува моето тело, во однос на она што срцето и умот ми кажуваат дека можам да постигнам. За жал, реалноста е дека мојот ум и телото не се на иста бранова должина. По многу непроспиени ноќи конечно прифатив дека не можам да продолжам со скијањето. Ќе се натпреварувам на Светското првенство во спуст и Супер-Џи следната недела во Оре, Шведска, а овие ќе се последните стартови во мојата кариера”, пишува Вон на Инстаграм.
Американската скијачка е најуспешна натпреварувачка во историјата на Светскиот Куп со рекордни 82 победи (само легендарнатаИнгемар Стенмарк може да се пофали со повеќе – 86). Таа има три олимписки медали, од кои еден златен – во 2010-та во спуст во Ванкувер, како и две светски титули, плус уште три сребрени и два бронзени медали од Светски првенства.