Нестручноста, дилетантизмот, непотизмот и желбата за лично богатење на власта повторно ги чини граѓаните стотици илјади евра. Повторно се случи хаварија во РЕК Битола, поточно во БЛОК-1 овој пат, заради дефект на цревниот систем. Повторно блокот е надвор од производна мрежа, и тоа за цели 10 дена, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа значи ќе има зголемени трошоци, односно цената на произведен МWh што ќе доаѓа од РЕК Битола, ќе биде значително поголем.
Залудни се напорите на раководството да се кријат зад паушални објави како во минатото. Хаваријата во РЕК Битола директно ќе ги чини граѓаните неверојатни 200 илјади евра.
Во РЕК Битола се води сериозна хајка против компетентни лица и голем дел од нив се прогласени за неподобни од раководството и се преместени на други работни места, а на нивно место се донесени париски послушници на СДСМ кои што не умеат да ракуваат со таков вид на опрема .
Време е ова расипништво со парите на граѓаните да престане. Време е за предвремени избори на кои што СДСМ ќе биде казнет за неспособноста, грабежот и криминалите сторени изминативе две години“ порача ВМРО-ДПМНЕ.