Европратеникот денеска попладне престојуваше во работна посета на општина Делчево. На средбата која се реализираше на иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и делчевецот Венци Димитровски, се разговараше за продлабочување на соработката на општините од регионот со општини од соседна Бугарија во делот на поголемо искористување на средствата од европските фондови.
Изразувајки задоволство од остварената средба, делчевскиот градоначалник Горан Трajковски ја потенцираше можноста општините Делчево, Берово и Пехчево заедно како регион да настапуваат пред европските донатори.
-Европратеникот Новаков ни ги предочи можностите кои се отвораат за пред нас за аплицирање со проекти од областа на инфраструктурата или меки мерки, за новите фондови кои досега за нас не беа достапни, а очекуваме со отпочнување на претпристапните преговори да се отворат нови можности за нас. Ние размислуваме во насока да бидеме подготвени заедно како микрорегион со разработени проекти, посебно од областа на туризмот, но секако, и поединечно како општини, рече Трајковски.
Европратеникот Новаков најави повеќе средства од европските фондови за Македонија.
-Се радувам што успеавме да се видиме со градоначалниците од Делчево, Берово и Пехчево и сакам да истакнам дека од 1 јануари 2021 година, средствата ќе бидат многу поголеми за општи проекти за соработка, но има и европски програми кои можат да се искористат и од општините и во делот на младите, образовните институции, претпримачите и верувам дека искористувањето на тие средства ќе биде од корист на двете страни, рече Новаков.
На средбата која завшри доцна попладнето присуствуваа и градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски.