Двоецот Зоран Заев и в.д. градоначалникот Константин Георгиески ги злоупотребуваат државните и локалните ресурси. Денешната трибина во Центарот за култура „Григор Прличев“ им беше нова предизборна корупција, стопати искажани лаги и нови манипулации, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ни малку достоинство и почит со високи притисоци за партиска агенда, СДСМ направија обид да ја ангажираат целата локална и државна администрација во Охрид за присуство на трибината.
Срамно е во 2019 година да живееме во време на тајни списоци, уцени за присуство, напуштање работни обврски за партиски цели, скратена настава во училиштата, учениците ослободувани од последните часови, директорите на сите институции наместо на работно место по партиски трибини.
Со кое лице ја посетуваат фабриката „Костал“, а најавуваат нови инвестиции?
Охриѓани знаат дека нема покачување на плати, ниту повисоки пензии, ниту странски инвестиции, ниту нови работни места во реалниот сектор. Затоа тие испратија недвосмислена порака и јасен знак дека не даваат поддршка на оваа ненародна власт на СДСМ којашто не работи за доброто на граѓаните, решавање на нивните проблеми туку спротивно од принципите на ЕУ и без никакви вистински европски вредности“, порачаа од опозициската партија.