Предмети што му пипаѓале на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер изложени се во аукциската куќа во Нимберг, а меѓу нив и омилената фотелја на фирерот за состаноци.
На аукцијата се и уметнички дела, чија вредност се проценува до 500 илјади фунти, а која вклучува актови, портрети, мртва природа и австриски пејзажи.
Збирката содржи и разни уметнички дела, за кои се смета дека ги насликал Хитлер пред доаѓањето на власт, во пресрет на Втората светска војна, пренесуваат германските медиуми.
Експертите велат дека најинтересен дел од продажната изложба е столот на Хитлер од неговата куќа и ретката вазна Мејсен. Вазата, која од друга страна има нацртана свастика, земена е од собата на Хитлер во канцеларијата на Рајх, по неговото убиство во 1945 година.
Аукциската куќа „Вејдер“ соопшти дека столот е проценет на 6 000 фунти, а порцеланската вазна колу 5 000 фунти. Уметничките дела се проценуваат од 500 до 40 000 фунти.
Сликите се верува дека се насликани меѓу 1907 и 1936 година, а аукционерот се надева дека некои ќе достигнат и многу повисока цена.
Во Германија е легално да се купува, продава и поседува нацистички сувенири сè додека се сметаат за уметнички дела или се користат за образовни, уметнички, научни и истражувачки потреби. Аукциската продажба ќе почне на 9 февруари.