Италијанската полиција отвори истрага за убиство во обид против Албанец, кој со автомобил прегазил Македонец на велосипед, во понеделникот во местото Силандро, во провинцијата Болцано, дознава 24 Инфо.
Според медиумите во Италија, она што првично изгледало како сообраќајна несреќа се претворило во обид за убиство на Македонец, кој на велосипед го шетал своето куче. Полицијата уапсила 42 годишен Албанец, кој по инцидентот избегал, но полицијата подоцна го уапсила.
Инспекторите се уште не знаат кој е мотивот за нападот врз Македонецот на возраст од 40 години, но не исклучуваат никаква можност- од прељуба до расчистување на долгови. Нашинецот завршил во болница, но е вон животна опасност и со неколку модринки.
Според полицијата, напаѓачот со автомобил прво го удрил Македонецот на велосипед, кој бил изненаден од нападот, а откако паднал со возилото се вратил наназад да го прегази уште еднаш. На улицата наишол друг возач, кој кога видел дека автомобилот се враќа кон велосипедистот застанал да му помогне на Македонецот. Албанецот не успеал во намерата, но затоа го удрил автомобилот на очевидецот, по што избегал.