Силен земјотрес регистриран во близина на Суматра

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на индонезискиот остров Суматра, соопшти американскиот Геолошки топографски институт.

Националната агенција на Индонезија за ублажување на последиците од катастрофи наведе дека нема информации за евентуална материјална штета ниту опасност од појава на цунами.

Епиценатарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Треба да знаете
Последни објави