„Рајанер“ изгуби 20 милиони евра, паднаа цените на картите

Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ денеска соопшти загуба од 20 милиони евра во последното минатогодишно тромесечје, поради ниските цени на авио картите, какви што се очекуваат и во текот на оваа година.

Ирската авиокомпанија, со седиште во Даблин, во тој период, пренела 32,7 милиони патници, во спредба со 30,4 милиони во истиот период една година претходно, при што вкупниот приход поразнал за 9 отсто, на 1,53 милијарди евра.

Во тоа тромесечје силниот раст на прометот од 8 отсто бил неутрализиран со падот на просечната цена од 6 проценти, додека, 26-процентниот скок на дополнителни приходи, на 557 милиони евра, е поништен со зголемените цени на горивата и зголемените трошоци на персоналот.

Ниските цени, пред две недели ја принудија компанијата по втор пат во три месеци да ги намали своите проценки за заработка во целата работна година.

„Рајанер“ очекува дека годишната добивка на компанијата, за фискалната година која завршува со март, ќе падне и до 31 отсто, како последица на летните штрајкови на пилотите и екипажот, повисоки цени на нафтата, како и вишокот на капацитетот на кратки релации во Европа.

Од компанијата соопштија дека не исклучуваат понатамошно намалување на проценките.

Треба да знаете
Последни објави