Словачки полицајци ќе патролираат на македонско-грчката граница

Амбасадата на Република Словачка во Скопје соопшти дека, врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Словачка и Македонија, во земјава пристигнаа девет припадници на полицијата на Република Словачка и пет полициски возила.

Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

Како што соопштија од словачката мабасада, полицајците ќе бидат опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Треба да знаете
Последни објави