Повеќе од 50 летови се откажани од аеродромот во германскиот град Хамбург поради штрајк на вработените. Синдикатот ги повика вработените на еднодневен штрајк, кој почна во 3 часот ноќеска.
Аеродромот соопшти дека се откажани 58 од 388 летови кои се предвидени за денеска и дека постои можност за дополнително нарушување на авиосообраќајот.
Синдикатот бара зголемување на платите за околу 1 000 вработени меѓу кои се и пилотите, потоа шоферите на аеродромските автобуси, како и превезувачите на багажот.
Синдикатот бара зголемување на платите за 275 евра месечно.