Брисел: Ако Приштина и Белград сакаат решение, сега е време за тоа

Официјални претставници на Европската Унија кои се вклучени во процесот на дијалог меѓу Србија и Косово внимателно ги следат случувањата во Приштина, но се надеваат дека притисокот врз тамошната влада наскоро ќе даде резултати, со што ќе се овозможи деблокирање на преговарачкиот процес.

Извори од Кабинетот на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, потврдија дека во моментот кога царината ќе биде укината, тие се подготвени практично утредента да го продолжат процесот на преговори. Во таа смисла се најавуваат интензивни и маратонски разговори меѓу Белград и Приштина, кои би можеле да се одржуваат секоја недела.

Треба да знаете
Последни објави