Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола, изминатиов викенд, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, не регистрирани возила, непочитување првенствено, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 1.155 возила.
Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира декапри контролата, кај 16 возачи е откриено присуство на алкохол и возачите биле исклучени од сообраќај.
-За време на викенд контролите откриено е дека 13 возила се технички неисправни и истите се испратени на технички преглед, 24 возачи управувале без возачка дозвола, а кај 84 други возачи откриено е дека управувале возила со поголема максимална брзина од дозволената. За неправилно паркирање издадени се 25 мандатни налози, а писмено опоменати се 20 возачи, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола и додаде дека на 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат сосоодветни глоби, а исто така изготвени се и 25 прекршочни налози.
Викендов на подрачјето од надлежност на СВР-Битола при контрола откриени се и други 56 видови останати прекршоци. Регистрирани се и четири сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со телесни повреди.