Скопската полиција интензивно трага по разбојниците кои пред околу еден час ја ограбија екпозитурата на „Халкбанк“ во Визбегово. Како што објави 24 Инфо, двајца разбојници со „калашникови“ ја ограбиле банката, по што избегале со автомобил.
Веднаш по грабежот полицијата почнала потера по возилото на ограбувачите, а полицајци со „калашникови“ се распоредени по семафорите и крстосниците во Бутел и Чаир.
Според неофицијални информации, разбојништвото се случило околу 13 часот во експозитура на „Халкбанка“. Тогаш со автомобил дошле разбојниците, двајца со пучките влегле во банката и откако им се заканиле на вработените ги легнале на патосот и ги зеле парите.
Разбојништото било пријавено, па полицијата веднаш почнала потера по разбојниците.
Од МВР засега нема потврда за случајот.