Кристијано Роналдо може да се пофали дека ги освоил срцата на многу убавици, а моментално е во врска со Џорџина Родригез.
Наводно, Роналдо и Џорџина моментално имаат проблеми во врската бидејќи славниот фудбалер на Јувентус сѐ почесто го поврзуваат и со други жени.
Италијанската манекенка Мануела Ферера неодамна се пофалила дека Роналдо ѝ испраќал пораки и дека нејзиниот број го добил од нивен заеднички пријател. Тој наводно пробувал да ја освои и наспроти тоа што е во врска со Родригез.