Блек- џек, покер и слот машини, се негово секојдневие. Но секогаш е од другата страна. Никогаш не се навлекол на коцкарските игри иако се дел од неговиот живот повеќе од 25 години. Светот му е мал за да го собере она што го поседува. Австралија, Англија, Малта но и Гана и Танзанија биле неговите места на живеење. Гледал како се губат милони „без око да му трепне на играчот“, но сочувствувал и со тие кои губеле и домови и неволно ја напуштале коцкарската маса. Во поинакво издание ги видел и Џорџ Клуни, Бред Пит, но и претседатели на велесили и политичари. Ова е приказна за менаџерот на казина со светско искуство Светислав Ѓуриќ кој за 24 инфо ја раскажува својата приказна како од дете од Дебар Маало дотурка до главен менаџер на казина.
Ветеринар по професија кој се обидел во скоро сите сфери. Од келнер во познатите некогашни „Пијано“,„Текила“, заминал за Австраилија, потоа за Лондон, но никаде не можел да се пронајде себе си. Благодарение на пријателството на татко му со некој од вработените во тогашното Гранд казино, влегол во „магијата“.
–Тоа е опиум и пекол кој те обзема. Кога влегов внатре сватив дека тоа е мојот свет. Бев решен по секоја цена да влезам во него. Слушнав дека кај нас се отвара казино од светски ранг. Тоа беше познатото „Шери“ казино кое беше сместено во „Лотарија“. Се пријавив на курсот за крупиери и на 22 години веќе станав дел од казината. Така почна мојот пат. Занаетот го печев фрлен во огнот. На ВИП маса со Претседатели, Премиери- вели Ѓуриќ.
Од 1991 година ги поминал сите казина во државава. Работел на сите позиции. Благодарение на негов менаџер од Македонија завршил ни помалку ни повеќе туку во Африка.
– За Африка мислев дека е земја во која јадат живи луѓе. Но ми се допадна идејата. Два дена праќав биографии секаде по казината. Добив понуда од човек од Танзанија од едно „мало селце“ од 3 милиони луѓе. Но преферираа парови. Но сопругата која е исто дел од овој бизнис тогаш беше во Мароко. Пондата беше добра. Таа даде отказ, примивме вакцини и тргнавме ни помалку ни повеќе туку за Африка. По патешествие од 48 часа конечно стигнавме. Африка е магична земја. Се она од филмовите го гледаш во живо. Живеевме во колинијална куќа, а од дворот беревме егзотични овошја- вели Ѓуриќ.
Работел за газди Евреи, Грци но и Срби. Африкнците ги опишува како многу мрзлив народ. Му се случувало крупиеата да заспијат на маса. Клиенти на казиното биле Кинези, Индијци, а не локалното население.
–Во Даре ел Салам ја добив првата менаџерска позиција. Но неможе да биде се убаво. Каде и да одев да работам секаде претпоставени или газди ми беа Грци. Но поради суетата на газдата кој не разбираше дека играчите кои играат мора да се задржат наместо да се бркаат, заминав од таму. Дојде момент кога не можевме да најдеме заеднички јазик со газдата. Но благодарение на него ја добив следната работа- вели Ѓуриќ.
Следната работа му била во Замбија. Но наместо готово казино налетал на градилиште. Осум месеци изгубил тука. Додека се градело казиното пет месеци работел во Малави. Овде, освен пари заработил и маларија. Но благодарение на здравствениот африкански живот, многу тешко поминал. При првата контрола дури му рекле дури и дека и нема маларија. Прво го лечеле со апчиња за деца. На крај го излечил македонски доктор кој работел за Обединети нации.
–Од тука се вратив назад во казиното кое се градеше. Останав една година како менаџер и казиното работеше одлично. Станува збор за ексклузивно казино. Но бременоста на жена ми беше причина плус да се вратиме во Македонија. Но за кратко. Добив понуда за работа во Гана. Тоа беше многу лошо искуство. Како климатски така и во однос на безбедноста. Има криминал. Се случуваше да киднапираат луѓена сред улица со кола.
По една година овде заминав во Најроби да работам во казино „Четири аса“. Добив одлична понуда во однос на егзистенција, но работното време беше по 14 часа- вели Ѓуриќ.
Следна дестинација е пак Замбија. Следувала понуда од конкурентското казино во кое работел. Овде останал најдолго. Децата му се родени во Македонија, но во Африка ќерка му дошла на шест месеци. Но, носталгијата го вратила пак во Македонија. Му требале нормални луѓе и дневна светлина. Пробал да работи овде, отворил сопствен бизнис, но без волја.
Судбината го враќа пак во казино. Но сега во Европа. Наоѓа работа на Малта. Но, во првото казино добил негативен одговор. За прв пат добил одговор дека е преквалификуван за да работи во тоа казино. Среќата не го послужва ни во во следното казино. Налетал на менаџер Грк кој биографијата наместо да му ја даде на сопственикот ја ставил во фиока. Во меѓувреме му се раѓа второто дете. Истото казино објавува оглас за менаџер, но барале женско.
–На интервјуто се појави мојата сопруга. Бидејќи син ми имаше само три месеци, таа ја откажа понудата. Но ме препорача мене. На интервјуто следниот ден сватив што се случило со апликацијата за работа дека завршила во фиока само затоа што потекнувам од Македонија. Му пречело на гркот менаџер. Ова беше многу добро искуство. Овде беше и најголемата загуба на пари на едно лице. Беше од Саудиска Арабија. За една недела изгуби милион евра. Човекот потроши само 200.000 евра да ја научи играта- вели Ѓуриќ.
Се најавил и за следната година, но со лимит од 10 милони евра. Вечерта масажерката добила бакшиш од 1.500 евра, а една од сопругите на шеикот 17.000 евра за шопинг. Но освен мажи, големи суми губеле и жени. Се случило да изгубат и до 30.000 евра за една вечер.
–Од Малта завршив во Хрватска, но кратко. Не ги исполнија условите за кои се договоривме. Се пробав и во онлајн казино. Тие казина прават страшни суми. Бројот на играчи не е ограничен, а тоа е иднината на казината- вели Ѓуриќ.
Но во ист момент добил понуда преку колешка која веќе работела во една европска држава.
Интервјуто траело четири дена. Понудата не можел да ја одбие. Станал главен менаџер на казиното.
–Тоа е нова страница во животот. Генерален менаџер сум овде. Казиното има голем број на вработени. За кратко ќе ми се придружи и семејството- вели менаџерот.
Во текот на работењето имал и понуди за поткуп за да намести некоја игра. Тагувал заедно со тие кои губеле, се радувал со тие кои добивале. Вели дека има сигурен начин да се добие во казино
Но мора да се исполнети три услови, неограничено време на располагање, лимитот на маса да е неограничен и да има неогранчен избор на пари. Но тоа не може да се издржи. Вели дека светот му е мал. Не знае каде ќе заврши за извесно време. Но знае дека казиното му е предодредено и не му пречи и неговите деца да влезат во овој бизнис.
Валентина Ангеловска