СВР-Штип регистрираше 182 прекршоци на патиштата на истокот

На подрачјето на СВР-Штип, во текот на викендов, се случиле шест сообраќајни несреќи, од кои во две од нив, двајца учесници се здобиле со тешки телесни повреди, едно лице со телесни повреди и три несреќи со материјална штета, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Таа истакна дека во текот на изминатите два дена имале и засилена полициска контрола на патиштата што се под ингеренции на СВР-Штип.

– Деведесет и седум возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, 14 возачи се исклучени од сообраќај, бидејќи возилата не им биле регистрирани, десет возачи се отсранети од сообраќајот, бидејќи биле во алкохолизирана состојба, а 19 пак управувале возило без да имаат возачка дозвола, вели Панајотова.

Додаде дека при контролите 12 возачи извршиле непрописно престројување, шест не користеле безбедносен појас, а двајца си разговарале на мобилен телефон, додека го управувале возилото. Овој викенд полицијата има издадено 120 манадатни платни налози и 62 прекршочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави