Полицаец од ПС Кавадарци апсел па истепал осомничен

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против К.Ѓ., полицаец во ПС Кавадарци, осомничен за тешка телесна повреда.

Пријавениот на 5.ти мај минатата година, при извршување работни задачи заедно со уште тројца полицајци при апсење  на осомничен, употребил сила и му нанел тешки телесни повреди на осомничениот.

По преземени мерки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, МВР, против К.Ѓ. и тројцата полициски службеници кои работните задачи ги извршувале без потребниот квалитет поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Треба да знаете
Последни објави