Турција неутрализирала вкупно 75 ПКК терористи во воздушни и земни операции во јануари.
Ридван Ертас, терорист по кој беше пуштена потера од страна на Министерството за внатрешни работи, се предаде во полициска станица, додека, пак, друг терорист, кој не е идентификуван, беше заробен.
Околу 350 осомничени ПКК-терористи се уапсени за време на антитерористички операции во Турција, а вкупно 108 се приведени во притвор низ повеќе градови.
Еден од припадниците на групата ПКК кој се предал на силите за безбедност изјавил дека терористичката организација веќе две години не регрутирала нови борци.
Групата вели дека голем број од војниците избегале поради големиот број смртни случаи.
Дилара О., припадничка на ПКК, вели дека војниците се чувствувале безнадежно и биле песимистични.
Во 30-годишната кампања што ПКК ја води против Турција загинале 40 000 лица. ПКК е оценета како терористичка организација од страна на ЕУ, САД и Турција.