Битолчанка тешко повредена во сообраќајка

Битолчанка била тешко повредена кога во неа удрил автомобил, вчера во Битола. Станува збор за Е.Н.(27) која веднаш по сообраќајката била однесена во Клиничката болница во Битола.

Според полицијата сообраќајната несреќа се случила во 21.40 часот, на булеварот 1-ви Мај. Возачот В.Т.(43) од Битола, управувајќи автомобил „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

 

Треба да знаете
Последни објави