Фатен дилер на хероин од Арачиново

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против С.Б.(39) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Според полицијата, на 01.02.2019 година, врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот во село Арачиново. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, мешавина од кофеин и парацетамол, диазепам и пари.

Треба да знаете
Последни објави