Стан во скопската населба Кисела Вода вчера изгорел во пожар, информираше МВР.
Според полицијата, во 23.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улица Пушкинова избувнал пожар. Станот е во сопственост на М.М.(45) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид се врши.
Од МВР инфорираат дека вчерашниот пожар во населбата Аеродром бил предизвикан од електрична греалка. Пожарот се случил околу 14.30 часот на улица Пандил Шишков, во кој како потстанари го користеле М.С.(35) и А.С.(34) од Скопје.