Додека Македонија го добива своето столче во НАТО, антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкција и манипулации. Очаен е антизападниот Мицкоски. Не успеа и нема да успее да ја закочи иднината во НАТО и ЕУ, порача СДСМ.
„Мицкоски лаже и дома и во Брисел, но нема да го намали успехот на Македонија.
Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е успех за граѓаните и државата и силен пораз за Мицкоски и неговата антизападна агенда.
Мицкоски нека не бара алиби за поразот што го чека, изборите ќе бидат фер, слободни и демократски како што ѝ прилега на демократска држава, идна членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ.
Наместо да шири лаги, Мицкоски нека се спрема за пораз на претседателските избори, нека се спрема за пораз на какви било избори“, се наведува во партиското соопштение.