Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ќе биде во тимот против Реал, но не е сигурно дали ќе игра, открил тренерот на „блауграна“, Ернесто Валверде.
Барселона и Реал, вечерва на „Ноу Камп“ ќе го одиграат првиот полу-финален натпревар во Купот на Шпанија.
Меси, го повреди бутниот мускул на десната нога, во саботата, на првенствениот натпревар против Валенсија (2:2).
Вчерашните прегледи покажале дека повредата не била сериозна, по што Меси тренирал со соиграчите.
„Ќе видиме во кава состојба ќе биде пред мечот. Доколку може да игра тогаш ќе игра. Одлуката ќе ја донесеме во последен момент“, рекол Валверде.
„Ел Класико“ во Купот на Шпанија на програмата е вечерва од 21 часот, а реваншот во Мадрид ќе се одигра во истиот термин на 27 февруари.