Грчкиот парламент ја почнува дебатата за протоколот за членство во НАТО

Грчкото Министерство за надворешни работи синоќа до Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на парламентот во Атина, го поднесе предлог-законот за протоколот што го отвора патот на Македонија кон НАТО под името „Република Северна Македонија“.

Дискусијата во комисијата ќе почне во 14 часот по локално време, а ќе заврши со гласање на пленарна седница во петок, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Во седиштето на НАТО во Брисел, вчера претставниците на 29 земји членки на НАТО и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во Брисел го потпишаа протоколот за пристапување на земјата во алијансата.

Треба да знаете
Последни објави