Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина на болницата „Др Драгиша Мишовиќ“, во која настрадала познатата водителка на ТВ Пинк, Деа Ѓурќевиќ.
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, водителката имала лесна сообраќајна незгода со друг автомобил, а додека излегувала од автомобилот во неа удрил автобус.
Според информациите од српските медиуми, на водителката и била ампутирана раката, откако во неа удрил автобусот.
Се огласи и возачот на автобусот кој утрово ја откина раката на српската водителка Деа, и тоа на само две минути до нејзиното работно место.
– Се обидов да го избегнам автомобилот, возев споро, но вода имаше на улицата, вели возачот Драган.
Водителката стоела на тротоар и разговарала со возачот со кој направила сообраќајка, а на неа налетал автобусот и и ја фатил раката која потоа итната помош и ја ампутирала.