Две вреќи со марихуана биле пронајдени вчера во близина на ГП „Свети Наум“ кај Охрид.
Според полицијата, вреќите биле фрлени во месноста Колиби.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а марихуаната била предадена на вештачење.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.