Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин испрати порака до премиерката Тереза Меј во која за замена за поддршка на владиниот план за Брегзит бара постојано британско членство во царинската унија, што Меј неколку пати го отфрли.
Корбин ја предупреди премиерката дека нема да добие негова поддршка ако од ЕУ има само отстапки во врска со границата со Ирска.
Тој напиша дека сака усогласување со царинскиот закон на ЕУ, заедничка надворешна тарифа и договор за комерцијална политика која го вклучува ставот на Велика Британија за идниот трговски договор со ЕУ.
Позицијата на Корбин разочара некои членови на Лабуристичката партија кои се надеваа дека тој ќе ги поддржи повиците за одржување нов референдум за Брегзит.