Полицијата казнила 33 возачи за пребрзо возење низ Полог

Сообраќајната полиција во контролите за брзината со која се движат возилата во полошкиот регион, вчера открила 33 пречекорувања на брзината. Од нив 25 биле воТетовско и осум во Гостиварско. Низ населените места откриени се 12 пречекорувања, а 13 надвор од населено место. Меѓу откриените имало и возачи кои ја пречекориле брзината за 50, односно 70 километри на час над максимално дозволената брзина.

На сите прекршители изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со парична глоба од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Зависно од големината на пречекорената брзина, на возачите времено ќе им бидат одземени и дозволите во период од три месеци до една година,изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај ова, во контролите откриени се и шест возачи кои управувале без положен возачки испит, и двајца возачи-почетници.

Контролите ќе бидат интензивирани и во наредниот период бидеќи, како што нагласува Јосифоски, неприлагодената брзина и минатиот месец беше причина број еден за најголемиот број сообраќајни несреќи кои се случиле на тетовското подрачје

Треба да знаете
Последни објави