Општина Кисела Вода станаа членка на Сообранието на Институтот за стандардизација

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес во својот кабинет оствари работна средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија м-р Џеват Кицара.

Градоначалникот и директорот дискутираа за идната соработка помеѓу двете институции. За таа цел, на крајот од состанокот Темелковски и Кицара потпишаа меморандум за соработка, преку која во периодот што следува ќе се работи на спроведување на активности според европски стандарди и регулативи. Со ова Општина Кисела Вода станаа нова членка на Собранието на Институтот за стандардизација.

Присутни на состанокот беа претседтелот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ и секретарот на Општината Александар Алексовски.

Треба да знаете
Последни објави