Рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов, изјави дека земјата нема да ја пресели амбасадата во Ерусалим.
„Прашањето за селење на руската амбасада од Тел Авив во Ерусалим не е на дневен ред. Русија се раководи по меѓународното право во своите врски со Ерусалим, а пред сè во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рекол Викторов.
Досега само САД и Гватемала ги преселија своите амбасади од Тел Авив во Ерусалим. Одлуката на САД наиде на осуда во Палестина и предизвика бројни протести во арапските земји.
Парагвај беше трета земја што ја пресели амбасадата, но подоцна повторно ја врати во Тел Авив.
Австрија, Бразил и Чешка, исто така, соопштија дека се спремни да го признаат Ерусалим како главен град на Израел и дека ќе ги преселат своите амбасади во тој град.