Расте бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 11 жртви, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.

Тој прецизира дека од под урнатините на зградата во населбата Картал е извлечено уште едно тело, со што бројот на загинатите се зголеми на 11. Досега има 13 повредени, а спасувачките операции се уште траат.

Под надзор се и објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на зградата која се урна, информира Анадолија.

Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени.

Треба да знаете
Последни објави