Зеќири: Добивме стручно и независно тело за борба против корупцијата

Со задоволство можам да соопштам дека граѓаните на Република Македонија добија нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, изјави во собранието потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зеќири.

„Добивме професионално, стручно, целосно независно и зајакнато тело за борба против корупцијата. Изборот на кандидатите беше направен преку најтранспарентниот процес досега. Во процесот на селекција, покрај условите за стручност, искуство и апсолутно никаква поврзаност со политички партии, кандидатите беа избрани преку јавни интервјуа, во кои покрај Комисијата за селекција, учествуваа и експерти, новинари, претставници на невладиниот сектор“, рече Зеќири.

Новиот Закон за борба против корупцијата, како што посочи, предвидува проширени надлежности на Антикорупциската комисија, како и зајакнати механизми кои ќе им овозможат поефикасна работа.

Треба да знаете
Последни објави