Каталонските партии ја отфрлија преговарачката рамка за Мадрид

Каталонските партии кои се залагаат за независност денеска ја отфрлија преговарачката рамка предложена од централната Влада на Шпанија за решавање на сепаратистичката криза меѓу Мадрид и богатиот североисточен регион Каталонија, соопшти денеска шпанскaта вицепремиерка Кармен Калво.

– Групите кои се залагаат за независност не ја прифаќаат рамката што ја предложивме, изјави Калво на прес-конференција по владината седница.

Отфрлувањето на преговарачката рамка доаѓа во пресрет на гласањето за буџетот за 2019 година, што ќе се одржи следната недела, а кое, како што оценуваат медиумите, најверојатно ќе пропадне без поддршка од каталонските партии.

Треба да знаете
Последни објави