Мнозинството Хрвати се наздоволни од работата на Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата КРО Демоскоп.
Според овие резултати, 50,6 отсто од испитаниците изјавиле дека не ја поддржувааѕ политиката на Владата, додека 31,8 проценти имале позитивно мислење за нејзината работа.
Дури 68,7 отсто од анкетираните оцениле дека Хрватска „се движи во погрешна насока”, а 23 проценти имаат спротвен став. Само 8,3 отсто испитаници немале одговор на ова прашање.
Кога станува збор за хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, испитаниците дале просечна оценка од 3,05 за нејзината работа.
На прашањето, која била најважна тема во Хрватска последниов месец, 25,7 проценти од анкетираните изјавиле дека тоа е пропаѓањето на договорот за набавка на воени авиони Ф-16 од Израел, 19,5 отсто се определиле за приватзиацијата на бродоградилиштето „Уљаник” во Пула, а за 16 проценти за проблемот со иселувањето од земјата и недостигот на квалификувана работна сила.