Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Г.Ѓ.(27), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-Имено, на 06.02.2019 година, врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот каде што престојува пријавениот, при што пронајдени се марихуана, амфетамини, хашиш-масло и други предмети. Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, велат од МВР.