Кочанчанец се заканувал на вработени во градинка во Кочани, информираше МВР.
Инцидентот вчера го пријавила Љ.Л.(31) од Кочани, вработена во Јавна општинска установа детска градинка на улица 9 Мај во Кочани.
Според неа, истиот ден околу 8.30 часот, додека била на работа, О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.
Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.