Викторија Бејтман, економистка од Универзитетот Кембриџ, во интервју во радиото Би-би-си се соблече целосно гола. Бејтман често пати објавува видеа на кои е гола, но кога се соблекла во студиото, водителот Џон Хемфрис, останал без зборови. Интервјуто се однесувало за Брегзит.
„О гледам дека сте гола“, рекол Хемфрис и им опишал на слушателите дека Бејтман на телото има испишано: „Брегзитот ќе ја соголи Британија“.
Таа претходно на социјалните мрежи објави видео на која е гола и зборува за женските права.
Хемфрис ја прашал зошто имала потреба да се соблече гола додека разговара за брегзит.
-Напишав илјадници редови за тоа зошто брегзитот е лош за Велика Британија, но сакав тие зборови да ги сумирам во една силна порака. Брегзитот е царевото ново одело. Британија сама на себе си продаде нешто што не може да го испорача. Многу добро се чувствувам во своето тело. Луѓето брзо ги проценуваат жените според нивните тела. Погледнете го моето двеминутно видео од ‘голото’ предавање и ќе видите коментари дека сум глупава затоа што сум гола, објаснил таа.