икола Димитров да биде кандидат за претседател, Радмила Шекеринска да го заземе неговото место во Министерството за надворешни работи, Стево Пендаровски да се трансферира во Министерството за одбрана, а Оливер Спасовски да остане „прв полицаец“. Ова е една од варијантите за која се размислува во Социјалдемократскиот сојуз откако овие четворица истакнати претставници на власта искажаа амбиции да се кандидираат за шеф на државата, пишува „Независен“.
Стравувајќи од меѓусебни конфронтации, кои би се одразиле и врз резултатите од изборите, но и врз внатрешните односи во владејачката партија, на „Бихаќска“ тактизираат и бараат решение што би било прифатливо за сите потенцијални кандидати.
Лидерот на ДИУ, АЛи Ахмети денеска изјави дека е отворена вратата за можноста партијата да даде согласност за консензуален кандидат, а Шекеринска изјави дека нема да се кандидира.