Полицијата во Париз приведе 45 лица по вчерашните протести на „жолтите елеци”, јави телевизискиот канал БФМ, повикувајќи се на полициски извори.
Од приведените, во притвор се задржани 42 лица.
Неколку илјади учесници на протестите „жолти елеци” вчера, 13-ти викенд по ред, излегоа на улиците во Париз, некои од нив се судрија со полицијата, а еден демонстрант изгуби дел од раката.
Полицијата соопшти дека демонстрантот изгубил четири прста, но не го потврди твдењето на медиумите дека е повреден од експлозивна направа која полицијата, покрај солзавец, ја користела за да ги растера демонстрантите