Легендарната Линдзи Вон ја заврши својата одлична кариера со медал. 34-годишната Американска освои бронзен медал на Светскиот шампионат во Оре. Таа беше со стартен бр.3 и за кратко беше на чело на рангот, но на крајот се нареди трета во конечниот пласман. Шампионка стана Словенката Илка Штухец со време 1:01.74 мин. Втора, на 23 стотинки од секундата зад победничката, финишираше Швајцарката Корин Сутер, а Вон даде време со 49 стотинки послабо од тоа на Штухец.
Дваесет и осум-годишната Штухец ја одбрани својата титула во Сент Мориц во 2017 година, а денешното злато е второ за неа од СП. 24-годишната Корин Сутер го освои вториот медал од светските првенства во кариерата и втор во Оре, откако се закити со бронза во Супер-Џи.
За Линдзи Вон тоа е медал бр.8 од светски првенства (2 златни, 4 сребрени, 2 бронзени). Рекорерката по број на победи (82) од Светскиот куп кај дамите има 3 олимписки одличја (1 златно, 2 бронзени).
Линдзи Вон се пензионираше со вкупно 137 подиуми во кариерата на Светскиот куп. Таа го победила Големиот кристален глобус 4 пати, откако има и 16 мали (8 во спуст, 5 во Супер-Џи и 3 во комбинацијата).
Интересно за одбележување е и тоа дека нејзината последна победа во Светскиот куп беше регистрирана токму во спуст во Оре – на 14 март 2018 година.
Со медал (сребро во спуст) ја заврши кариерата и друго големо име во алпското скијање – Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал.