Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој што моментално е стручен коментатор, имаше остри критики на сметка на Маурицио Сари после вчерашниот дебакл на Челси.
Фудбалерите на Челси на гостувањето кај Манчестер Сити вчера беа декласирани со 6:0, а после натпреварот, Џејми Карагер остро го нападна тренерот на лондонскиот клуб, Маурицио Сари.
„Сити беа одлични, а од друга страна, ова беше најлошиот натпревар на Челси оваа сезона. Иако тој е на половина од сезоната, може да се каже дека Сари го претвори Челси во Арсенал“, изјави Карагер и додаде:
„Арсенал губеа на гостувањата во изминатите шест-седум години зошто имаа слаба екипа, а такво нешто не можевме да кажеме и за Челси. Првиот гол беше по вина на Алонсо, тој беше премногу опуштен за еден таков важен натпревар“, изјави Карагер.