Снежната бура што ги погоди Хаваите предизвика хаос бидејќи голем број домаќинства останаа без струја, а беа поплавени и голем број патишта.
Националната метеоролошка служба соопшти дека ветрот во некои подрајча достигнал брзина од 110 километри на час и предупреди на поплави.
На неколку острови оштетени се покривите од куќите.
Еден човек е повреден кога врз неговото возило паднала бандера, а пријавени се и други помали повреди.