Американскиот тинејџер кој откри безбедносен пропуст во апликацијата на „Епл“ наречена „Фејс тајм“ наменета за спроведување на видео-повици, доби награда.
„Епл“ сепак не откри колкава сума добил 14-годишниот Грант Томпсон, но се верува дека станува збор за позавиден износ кој ќе може да го искористи како инвестиција во неговото образование.
Тинејџерот пронајде порпуст поради кој беше можно да го прислушкувате вашиот контакт од другата страна, уште пред тој да ја крене слушалката, односно да слушате што тој зборува додека се воспоставува повикот.
Малолетникот ја добил наградата откако експерт за безбедност одбил јавно да го посочи овој проблем, токму затоа што претходно не била понудена награда.
Информации за техничкиот пропуст најпрво со појавија во јануари. „Епл“ му пристапи на ова како на сериозен проблем и ги оневозможи групните разговори во рамки на апликацијата, додека вработените утврдуваа за што всушност станува збор.
Претходно, Томпсон до компанијата испратил неколку електронски пораки со кои го предупредил „Епл“ за пропустот