Романтичарската опера „Хофманови приказни“ ќе биде изведена в сабота, 16 февруари, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет. Операта е на Жак Офенбах, а во неа поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.
Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот „Одеон“ во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.
Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас…
„Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст.
Диригент – Андреа Черта (Италија), режисер – Урсула Хорнер (Австрија), сценограф – Марија Ветероска, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго.
Во операта настапува бројна солистичка екипа: Хофман: Рафаел Алварез (Мексико), Никлаус: Николина Јаневска, Олимпија: Наде Талевска, Џулиета: Марија Наумовска, Антонија: Дашира Ахмети – Крлиу, Линдорф, Дапертуто: Андреа Ѕаупа (Италија), Копелиус, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски, Андрес: Дејан Стоев, Кошенил: Јане Дунимаглоски, Питикиначо: Дејан Стоев, Франц: Јане Дунимаглоски, Лутер: Диме Петров, Спаланцани: Зоран Данилов, Креспел: Владимир Саздовски, Глас: Катерина Бошковска,
Шлемил: Невен Силјановски. Учествува хорот и оркестарот при МОБ.